Голема полициска акција во скопско и Куманово

Голема полициска акција од утрово се одвива во Куманово и скопско.

Според првичите информации полицијата постапувала по наредба на Основото јавно обвинителство, а извршени се претреси во неколку објекти.

Лицата за кои постои сомневање дека биле дел од терористичката група од Дива населба, не биле пронајдени за време на претресите и по нив се трага.

За време на претресите во скопско  Арачиново, како и во кумановско биле пронајдени материјални докази кои се подигнати и дополнително ќе се вештачат.

Лицата се бараат по член 313 од Кривичниот закон поради сомневање за сторено терористичко загрозување на уставниот поредок.

МВР потврдува дека утринава се одвивала полициска акција, но сите детали ќе бидат соопштени во текот на денот.