Грчката полиција запленила 114,2 килограми хашиш, распределени во 13 големи пакети, објави електронското издание на весникот „Етнос“.
Дрогата била откриена во автомобил на 43-годишен Албанец на магистралниот пат меѓу грчкиот град Јанина и граничниот премин „Какавија“ со Албанија.
Албанскиот возач бил уапсен, а дрогата и автомобилот, кој бил сопственост на друг Албанец биле запленети.