Трагедија ја потресе Србија за Денот на трудот – две момчиња исчезнаа на излетното место кај Жупање, откако им се превртел чамецот.
– Чамецот во кој биле четири млади момчиња се превртел околу 11 часот и 30 минути од непознати причини, рекол извор од полицијата за српскиот Курир.
Се претпоставува дека двете млади момчиња кои се исчезнати, се удавиле. Екипите сеуште трагаат по нив.