Големата побарувачка на струја ја Косово може да го загрози снабдувањето во Европа

Европска мрежа на оператори на преносниот систем (ENTSO-E) предупреди дека големата побарувачка на електрична енергија на Косово може да го загрози снабдувањето на Европа со струја, бидејќи косовските власти поради тамошниот недостиг увезуваат енергија во количества кои воопшто не биле планирани на пазарите.

ENTSO-E за континтентална Европа го „повикува косовскиот оператер за дистрибуцијата на електрична енергија KOSTT да ја сочува рамнотежата во својот национален систем на електричната енергија, што е темелна договорна обврска кон другите оператори на преносниот систем во континентална Европа“, се наведува во електронското писмо на ENTSO-E коешто во средата го пренесува агенцијата Reuters.

Ситуацијата на Косово е посебно драматична поради ниското ниво на домашно производство, техничките проблеми и студеното време, што предизвикало прекин на производството во електроцентралите, а властите во Приштина ги принудиле да увезуваат поголеми количества струја од вообичаените.

Според наводите на Reuters, Косово покрај производството од своите две термоцентрали на јаглен „вообичаено увезува од 10 до 15 отсто енергија“, но увозот сега достигнал до 40 отсто од потребната струја. Последица на тоа е Косово да „увезува енергија која не била планирана на пазарите“, конститира Reuters.

Приштинските медиуми, пак, ја објавија пораката на министерката за енергетика на Албанија, Белинда Балуку, дека на повик на албанскиот премиер Еди Рама се ангажирани „сите човечки ресурси и стручњаци“ на Електростопанство на Албанија за да му се помогне на Косово во снабдувањето со струја на 31-ви декември и на 1-ви јануари.

Рама во средата изјави дека Косово се „соочува со сериозна енергетска криза“ и порача дека Албанија ќе изнајде можност како да помогне, пренесе порталот Kosovo online. Рама, како што се наведува, побарал од своето министерство за енергетика да ја процени секоја можност за помош на приштинската влада, за на Косово во текот на новогодишните празници да нема недостиг од струја.