Унгарскиот премиер Виктор Орбен ги поздрави резултати на неговата партија Фидеш на европските избори во неделата како „епохална победеа“, неговиот истомисленик италијанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Матео Салвини ја доведе својата крајно десна Лига до историска победа на италијанските европски избори според, а во Франција најмногу гласови освои крајната десница Национален собир на Марин Лепен.
По судирот со Брисел и суспендирањето на членството во колаицијата на Европската народна партија (EPP), Фидеш сега може целосно да излезе од групацијата на европските конервативци и да формира тврд десничарски блок со партиите Национален собир на Марин Лепен и партијата Лига, на италијанскиот вицепремиер Матео Салвини. Салвини, кој е лидер на владејачката партија од крајната десница Лига и сака да воспостави нова групација на суверенистичките партии во Европскиот парламент, се сретна со Орбан на почетокот од мај. Европскептичната и антидоселеничка германска партија Алтернатива за Германија (AfD) и десните партии од Финска и од Данска порачаа дека го поддржуваат предлогот на Салвини за формирање на суверенистичкиот национален блок.
Епохална победа на Орбан
Фидеш освоил 52,14 отсто од гласовите. „Постигнавме рекордна победа со рекордна излезност“, изјави Орбан доцна ноќта кон понеделникот пред првиврзаниците на брегот на Дунав во Будимпешта, пренесува агенцијата MTI.
Истакнал дека со високата излезност Унгарија покажала дека е „европска нација, евроспка држава, дена местото ни е во Европак, дека Европа е и наш дом, и сакаме да ја менуваме“.
Салвини голем победник на италијанските европск избори
Според проекциите на телевизијата RAI, Лига освоила 33,8 отсто од гласовите, што е најдобар резултат кога и да е остварен и речиси удвоен е оној од 17,4 отсто остварен на минатогодишните мартовски парламентарни избори во Италија, На изборите за минатиот состав на Европскиот парламент пред пет години, Лига освои 6,2 отсто.
„Ова е неверојатен успех, Лига стана првата партија во Италија, откако ѝ се предвидуваше исчезнување пред пет години“, рече Салвини на доцната прес-конференција во седиштето на партијата во Милано.
Успехот на Лига веројатно ќе му дада поттика на Салвини да се обиде да се наметне како еден од лидерите на десницата и евроскептичниот блок.
„Ова е гласање кое ни дозволува да се обидеме да ја промениме Европа“, рече Салвини за телевизискиот канал LA7, ддоавајќи дека ќе соработува со суверенистите од Франција, Унгарија и другите земји во обидот да ги протурка радикалните реформи.
Славини притоа исклучи дека нешто ќе се промени на национално ниво по историски добрите изборни резултати на Лига. Имено, со овој резултат далеки е надминат коалицискиот партнер Движењето пет ѕвезди, кој добо околу 20 отсто од гласовите, додека на парламентарните избори во 2018 година освои 32 отсто.
„Тоа ништо не менува во Италија. Моите сојузници во владата се мои пријатели“, истакна Салвини зборувајќи за односот на силите во владата кој сега е на страната на Лига одговарајќи на шпекулациите за преживување на актуелната влада и додаде дека резултатите нема да ги користи за внатрешни пресметки ниту за измени на ресорите.