Големи поплави и одрони во Индонезија

Повеќедневните монсунски дождови, што во последниве дваесетина дена го зафатија регионот на југоисточна Азија, вчера и минатата ноќ предизвикаа излевање на реките и одрони на земјиштето, но овој пат без човечки жртви.

Од вчера најкритично е на островот Суматра во Индонезија, каде што надојдените води урнаа над 18.000 куќи и 20 училишни згради.

Само за неколку часа нивото на подивените реки на северот на Суматра пораснало за над три метри, а во населените места веќе има еден метар вода над приземјата на куќите.

Нема податоци ни за последиците од поплави што зафатија стотици помали острови, а полицијата соопшти дека денеска ќе бидат евакуирани сите загрозени. Тамо каде што е можно испратени се тешки машини за чистење на одроните.

Јавувајќи за последните последици од невремето, медиумите од југоисточна Азија пренесуваат дека и по десет дена од катастрофалните поплави во Малезија се уште има десетици семејства што не се евакуирани.