Пожарот од Бељаковце се прошири на два крака во гасењето се вклучени армиски и полициски хеликоптер, соопштија денеска од Центарот за управување со кризи.
-Армискиот хеликоптер се враќа од селото Бељаковце и се упатува кон Стрезовце, изјави Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи.
Пожарот на едниот крак од околу еден километар зафати сува трева, ниска вегетација и шума, додека вториот крак се шири кон соседното Стрезовце, каде има и куќи. Во пожарот кој избувна вчера по 16 часот се сменија неколку пожарникарски екипи од Куманово и Старо Нагоричане, утрово беа вклучени и ер-трактори на Дирекцијата за заштита и спасување.
Директорот Ангелов информираше дека има и сериозен пожар кој исто така се појави вчера попладне во атарот на Рилево, општина Долнени, кој се движи кон селото Сливје.
-Пожарот може да загрози неколку села и таму се упатени три ер-трактори на Дирекцијата за заштита и спасување, изјави Ангелов.
(МИА)