Неколку големи шумски пожари ја зафатија Аљаска, а повеќе илјади луѓе забрзано се евакуираат од нивните домови.
Бројни пожарникарски екипи се борат со огнената ситихија на полуостровот Кенаи и во пошироката околина на градот Енкориџ.
Во градот се подготвуваат центри за привремено сместување на евакуираните.
Локалните власти и полицијата се сомневаат дека првиот пожар го предизвикал човечки фактор, но засега не се знае што навистина се случило.
Првиот пожар избувнал во неделата околу пладне по локално време, во областа Вилоу, северно од Енкориџ, позната како центар на кучињата што влечат санки и во кој постојано живеат околу две илјади луѓе.
На почетокот пожарот зафатил релативно мало подрачје, но почнал да се шири со голема брзина, потикнат од силниот ветер и доготрајното суво време.
Според локалните власти, огнената стихија досега зафатила 2.600 хектари, при што се загрозени 1.700 станбени и други објекти. Полицијата соопшти дека од загрозената зона биле евакуирани и 500 кучиња-влекачи на санки.
Вториот голем пожар избувнал вчера, 160 километри јужно од областа Вилоу.
Гуверенерот на Аљасака Бил Вокер беше во обиколка на реоните зафетани со пожарот со хеликоптер, по што изјави дека досега целосно се уништени 20 домови и исто толку други објекти.