Големиот Пандев за големата победа на Џенова над Наполи, Јувентус победи во дербито со Рома

Во последниот натправат од саботната програма на 21-то коло во Серија А во дуелот во кој како стартери на спротивните страни настапија двата македонски репрезетативци Горан Пандев и Ељиф Елмас, Џенова освои важни три бода против Наполи со двата погодока на ветеранот и репрезентативен капитен.

Искусниот македонски интернационалец Горан Пандев блесна на мечот против Наполи во Серија А, а тоа му овозможи да дојде до рекорд во најдобрите пет евроспки лиги (Англија, Франција, Шпанија, Германија и Италија). Имено, во 38-та година Пандев е највозрасниот фудбалер кој во тековната сезона успеа да впише најмалку два гола и две асистенции.

Пандев, кој уште еднаш ги потврди своите вонсериски реализаторски способности, првиот погодок го постигна во 11 минута на додавање на Хрватот Милан Бадељ а во 26 минута кога исто така правремено беше проигран од Словенецот Миха Зајц. А десетина минути откако Пандев беше повлечен од игра, Наполи усепа во 79 минута усепа само да го намали резилтатот со погодокот на Матео Политано.

Наполи со 20 натпревари остана во моентов на петтото место со 37 бодови, последното кое води во Лига Европа, а со ист број бодови е и Лацио. Џенова со новите три бода направи скок во моментов на 11-то место со 24 бодови веќе осум бодови повеќе од опасната зона на испаѓање.

 

Во дербито од 21-то коло на италијанската Серија А, Јувентус во Торино со 2:0 ја совлада Рома и со тоа ја прескокна на првенствената табела.

Кристијано Роналдо во 13 минута го доведе Јувентус во водство. Во 69 минута торинската „Стара даама“ ја потврди победата благодарејќи на бекот на римската „Волчица“ Ибањез кој во обидот да спречи погодок ја втуран топката во сопсвената мрежа.

По третата последователна победа, Јувентус има 42 бодови од 20 натпревари и го зазема третото место, а на четвртото е Рома која остана на 40 бодови и меч повеќе. Интер водечки со 47 бодови, еден повеќе од градскиот ривал Милан кој има и натпревар помалку.

 

Аталанта се чини дека влегува во резултатска криза, а нејзините фудбалери во саботата на својот терен пропуштија водство од три гола разлика остварено до 21 минута против Торино кој во борбата за опстанок дојде до значаен бод со крајниот резултат 3:3.

Домашните поведоа во 14 минута со голот на Јосип Иличич, во 19 минута водството на Аталанта го удвои со автогол Салваторе Сиригу а за 3:0 погоди во 21 минута Луис Фернандо Муриел Фруто. Сепак Торино не се предаде, а во тоа добра улога одиграа и домашните играчи кај кои дојде до големо опуштање што им овозожи на гостите да намалат во 42 минтуа преку Андреа Белоти и набрзо во последните моменти од првиот дел. Бодот на Торино му го донесе погодокот на Федерико Бонаѕоли во 84 минута.

Аталанта поради претходната добра залиха бодови останува сигурен на седмото место со 37 бодови, но ја испушти можноста со победата којашто ѝ беше предвидувана да се израмни бодовно со четвртата Рома. Торино во моментов е 17-ти со 16 бодови, еден повеќе од 18-от Калјари.

 

Во првиот саботен дуел Специја направи изненадување со победата од 2:1 на гости кај високопласираниот Сасуоло, и освои три важни бода во борбата за опстанок.

Домашните поведоа со голот на Франческо Капуто во 25 минута, но веќе во 39 минута израмни за гостите Мартин Ерлиќ, а целосниот резултатски пресврт го направи погодокот на Емануел Гјаси во 78 минута.

 

Во недела на распоред се дуелите: Беневенто – Сампдорија (12.30 часот), Милан – Кротоне (15.00), Удинезе – Верона (15.00), Парма – Болоња (18.00) и Лацио – Калјари (20.45 часот).