По големо невреме, стивнува дождот во тетовско

Во Тетово денови на жалост

Во вечерните часови тетовското подрачје е зафатено од големо невреме, известува  Дирекцијата за заштита и спасување од Тетово.

Поројниот дожд и силниот ветер предизвикаа застој во сообраќајот во дел од овој регион. Излеана е реката Пена, забележани се повеќе одрони и свлечишта.

Дирекцијата за заштита и спасување со вработените од подрачното одделение во Тетово е излезена на терен и ја следи ситуацијата. Во овој момент се ангажирани 8 градежни машини кои помагаат во расчистување на теренот од надојдената вода . Доколку е потребно ќе бидат ангажирани и дополнителни машини.

Според извештајот во 20:30 часот, по големото невреме состојбата се стабилизира, се намалуваат врнежите, почнува да се повлекува реката Пена. По повлекување на водата остануваат наносите од кал и дрва.

По обилните врнежи се излеа реката Пена
По обилните врнежи се излеа реката Пена

Се апелира до граѓаните на зафатениот регион да го намалат движењето, особено со моторни возила освен ако тоа не е неопходно, за да се овозможи несметано движење на механизацијата која работи на терен.

Патните правци Тетово-Јажинце и Тетово-Попова Шапка во прекин

Поради излевање на реката во село Доброште и големо невреме во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Тетово-Јажинце и обратно. Во прекин е и сообраќајот на патниот правец Тетово-Попова Шапка поради свлечишта и камења на патот.

Сообраќајот на сите државни патишта, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија, се одвива по наместа влажни коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

 

Од невремето на подрачјето на Тетово, во село Шипковица до сега има нови три жртви и повеќе повредени лица. Оваа сеуште се непотврдени информации.