Големо невреме во Крушево

Прогнозите на УХМР речиси се остваруваат низ повеќе градови во земјава.

Во овие моменти слична  е ситуацијата и во Крушево каде има пороен дожд проследен со силен ветер и грмежи.

Дождот буквално носи се пред себе, а крушевчани се надеваат дека дождот нема да им донесе поголеми штети во домовите, подрумите или насадите кои ги имаат.