Големо загадување на воздухот во Македонија и покрај замрените активности и сообраќајот

Ниту вонредната состојба, полицискиот час кој го воведе Владата како мерка против ширење на коронавируост кои го замреа движењето во земјата, како и з не го исчистија воздухот во нашата држава, како тоа што се случи во многу европски земји ова утро.

За жал Македонија на европската мапа на загаден воздух  „Блеска“ и ова утро и покрај тоа што многумина граѓани се дома, не се користи јавниот превоз, а автомобилите се бројат на прсти.

И секојдневното применување на полицискиот час значи, буквално ништо не му може на воздухот и наместо да се чисти, тој се уште е загаден.

Од тука јавноста поставува безброј прашања до власта која го убедуваше народот дека автомобилите се најголем загадувач во нашата земја.

Ова утро најзагаден град во Македонија е Кавадарци со максимални 227 ПМ 10 честички на метар кубе, Велес 2 со 142 ПМ 10 честички на метар кубен, потоа Битола, Тетово, па Куманово.

Во Скопје најзагадена населба ова утро е скопско лисиче.

Инаку граѓаните на социјалните мрежи секојдневно упатуваат безброј прашања до власта и градоначалникот на Скопје дали единствениот загадувач во Скопје и воопшто во Македонија се огревните дрва, автомобилите и јавниот превоз како што тие веќе три години ги убедуваат сите.