Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје со едено возило од пред еден час интервенира на гаснење на пожар во Институтот за трансфузилогија.
Командантот на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, Владимир Симоновски изјави дека во моментот друга екипа се упатува да интервенира на поголем пожар во општина Илинден кај Окта.
Пожарот зафатил површина стрништа на потегот на кумановските села Агино село-Брзак и скопско Дељадровци, информираа денеска од територијалната противпожарна единица Куманово, чии две екипи се на терен, речиси три часа.