Голите гради ги покри со лизгалки – Ким Кардашијан шокираше во новата кампања

Ким Кардашијан позираше во новата кампања на својот бренд за облека „СКИМС“ – во бермуди, со руса коса, несекојдневна шминка, а градите си ги покри со лизгалки. Таа, според познавачи, со оваа кампања ги имитира рекламите на „Ланге ски“.

Во 2021 година, списанието „Даблју-ес-џеј“ ја прогласи старлетата за иноваторка на годината. Дизајнерката доби пофалби и затоа што неодамна ја најми својата истоименичка, глумицата Ким Катрал (Саманта во серијата „Сексот и градот“) да го рекламира нејзиниот бренд. Покрај Катрал, во рекламата тогаш се појавија и Хари Неф, Нели Фуртадо, Коко Џонс и Лана Кондор. Инаку, според „Њујорк тајмс“, „СКИМС“ денес вреди четири милијарди долари.

Ким неодамна беше на удар на следачите поради костимот на нејзиниот син Сент за Ноќта на вештерките. Имено, тој позираше како „зомби-верзија“ на фудбалерот Нејмар Јуниор, а неговото другарче „се облече“ како Лионел Меси. Имено, тие беа покриени со лажна крв, што многумина сметаат дека е несоодветно во овој момент, додека трае војната во Израел и Палестина.