Голман исклучен поради уринирање во текот на мечот

Голманот на англискиот нисколигаш Блекфилд енд Ленгли, Конор Масеки, е исклучен поради тоа што уринирал во живата ограда во текот на квалификацискиот натпревар од првото коло на англискиот ФА Куп.

Масеко, кој го брани голот на деветолигашот, добил црвен картон во 76 минута од дуелот откако се измокрил во живата ограда крај теренот.

Голманот на Блефилд енд Ленгли го искористил моментот кога топката излегла надвор од теренот и ја извршил физиолошката потреба. Го забележале играчите на Шептон Мелет и за инцидентот му обратиле внимание на судијата.

„Се сокри, беше во живата ограда.  Понекогаш морате треба да одите, морате да одите… Бев запрепастен, не го очекував тоа. Сите сме доста шокирани од неговиот потег “, рекол за BBC коменаџерот на Блекфилд и Ленгли, Конор Меккартни.

Натпреварот инаку завршил без погодоци.