![silsen holandija](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/05/silsen-holandija.jpg?resize=640%2C428&ssl=1)
Барди на денот кога Македонија ја почна подготовката за настапот на ЕП, каде е во група со Холандија, излезе позитивен на ковид-19 без симтоми, а сега истото го снајде и голманот Јаспер Силесен, кој добил позитивен тест и заврши во изолација, па кога ќе добие негативен тест на ковид-19 ќе ѝ се приклучи на националната селекција.
Голманот на Валенсија нема симптоми, а лекарскиот тим внимателно ја следи неговата состојба.
Холандија денеска заминува за Лагос, каде Холандија ќе се подготвува за ЕП, а на 2 јуни играат контролен меч со Шкотска. Првиот меч на „лалињата“ им е на 13 јуни со Украина, а пресметката со Македонија е во последното трето коло на 21 јуни на домашен терен во Амстердам.