Фудбалерите на Пари Сен Жермен ја остварија 15-та победа сезонава во францускиот шампионат совладувајќи го на гостувањето Рен со 4:1 (2:0) со два гола и две асистенции на Нејмар и еден гол и две асистенции на Килиан М“бапе.
Нејмар го мачна Рен веќе во 4 минута на асистенција на М’бапе. Бразилецот му возврати на младиот француски репрезентативец 13 минути подоцна со речиси идентично додавање. Домашните во 53 минута го намалија водството, но ПСЖ подоцна само за две минути го решија победникот. Прво во 75 минута Нерјмар го послужи Единсон Кавани кој го префрли домашниот голман за 3:1, а една минута подоцна Нејмар со својот втор погодок го постави конечниот резултат.
За изненадувањето во 18-то коле се погрижи последнопласираниот Мец кој со 3:1 славеше на гостувањето кај Монпеље. Мец оваа сезона досега забележа само две победи, и двете на гостински терен.
Во другите средби во саботата Дижон го совлада Лил со 3:0, Троа беше подбра со 1:0 против Амиен, а Каен и Гингамп играа без голови.
По непотполното 18-то коло ПСЖ води со 47 бодови, девет повеќе од второпласираниот Монако. Трет е Лил со 35 бодови, колку што има и четвртиот Марсеј кои во недела ќе го одиграат меѓусебниот дуел. На дното се Анжер со 15 и Мец со само осум бодови.