Најверојатно Европското првенството е завршени за капитенот на македонската ракометн а селекција Кирил Лазаров, а селекторот Раул Гонзалес не верува дека капитенот ќе може да игра на следните два решавачки натпревара.
Македонија се соочува со огромен хендикеп во пресрет на двата преостанати меча од групата 2 во Вараждин, бидејќи, најверојатно, Кирил Лазаров не може да игра.
Ваквите соменвања ги искажа селекторот Раул Гонзалес, на прес-конференцијата по тешкиот поразот во неделата од Шпанија (20:31).
„Не верувам дека Лазаров ќе може да игра на наредните два натпревара. Најверојатно остануваме без него до крајот на првенството. Повредата не изгледа добро. Тоа ќе биде голем проблем за нас, бидејќи тој е играч на кој се базира нашата игра и ќе биде многу тешко без него во продолжението“, рече селекторот.
Лазаров се повреди уште пред средината на првиот дел со Шпанија, а проблем беше, според сѐ судејќи, десното колено, бидејќи држеше вреќичка мраз на него на клупата.