Гонзалес повика 21 ракометар на репрезентативниот собир

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Раул Гонзалес, го објави во петокот списокот на играчи коишто ги повика на првиот собир на репрезентацијата за ЕХФ неделата.

Повик од Раул добија:

голмани: Борко Ристовски, Никола Митревски, Златко Даскаловски, Јане Цветковски;

крила: Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски;

бекови: Филип Талески, Филип Кузмановски, Марко Нелоски, Филип Лазаров, Кирил Лазаров, Мартин Велковски, Филип Миркуловски, Немања Прибак;

пикери: Стојанче Стоилов, Никола Маркоски, Жарко Пешевски;

дефанзивци: Велко Маркоски, Аце Јоноски.

Собирот е закажан за 23 октомври 2017 (понеделник) со почеток од 16:30 часот во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.