Гонзалез: Ова е моја прва титула како тренер, благодарност до ракометарите

Тренерот на македонскиот такометен шампион Вардар, Раул Гонзалез, одново ги собра комплиментите поради одличната тактика во финалето од СЕХА Лига, против екипата на Брест Мешков. Шпанскиот стручњак беше пресреќен по победата, бидејќи ова е негова прва титула во тренерската кариера.
„Брест играше одлично во првото полувреме, но ние сменивме доста работи на паузата. Исто така, Белорусите беа малку изморени, ние знаевме како да го искористиме тоа и стигнавме до посакуваната победа. Сакам да им честитам на моите ракометари на остварената победа, не е лесно, бидејќи имаме низа тешки натпревари во серија, но сепак одговараме на сите предизвици. Ова е моја прва титула како тренер, нормално дека сум презадоволен и сакам да им се заблагодарам на моите ракометари и на членовите на стручниот штаб што ми го овозможија тоа“, изјави Гонзалез.