Google Maps воведува нова опција која ќе помогне да се заштеди гориво

Минатата година Google почна да нуди алтернативни начини на навигација со возила, каде наместо најкратко патување, нуди рути кои се поефикасни за потрошувачката на гориво и животната средина. Меѓутоа, проблемот е во тоа што различни возила трошат гориво на различен начин. Додека бензинските мотори заземаат најголем дел од американската флота на возила, сè повеќе хибридни, електрични и дизел мотори почнаа да се појавуваат на патиштата.

Најновата бета верзија на Google Maps се обидува да го реши тој проблем со воведување мени во кое корисникот го избира моторот на своето возило и ја „оптимизира“ рутата за минимална потрошувачка. 9to5Google истакнува дека изборот на мотор ќе биде во прашалникот за навигација, како и во поставките на апликацијата.

Новите опции ќе станат достапни, пишува изворот, во текот на следните неколку недели, пренесува tportal.