Горан Пандев денес ќе одигра меч со некои од најголемите светски легенди

Легендата на македонскиот фудбал, Горан Пандев денеска ќе истрча на терен заедно со некои од најголемите имиња на светскиот фудбал од минатото.

Пандев ќе биде дел од „тимот на светот“ кој ќе игра против генерацијата на Романија од 1994 година.

Заедно со Пандев во „тимот на светот“ ќе бидат играчи како: Стоичков, Ривалдо, Савиола, Дида, Панучи…На спротивната страна за Романија ќе настапат: Петреску, Димитриеску, Мунтеану…

Оваа генерација на Романија на Светското првенство во 1994 година оствари историски успех стигнувајќи до четвртфиналето.