Горан Пандев вечен оптимист

Сега веќе поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Македонија, Горан Пандев и понатаму е убеден дека нековиот тим, калчолигашот Наполи, може да го освои популарното “скудето” во годинашното издание на италијанската Серија А.

„Не сме задоволни од играта од ефектот во последните првенствени натпревари. Само две победи на последните пет натпревари. За среќа има уште многу натпревари, првенството е долго. Ќе ни биде многу тешко, Јувентус и Рома не знаат да направат погрешен чекор. Сепак, Наполи има обврска да даде се од себе, да го даде максимумот до последното првенствено коло. Наполи мора да се бори до крај”, изјави македонскиот интернационалец.