![goran-petreski-fk-vardar](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/09/goran-petreski-fk-vardar.webp?resize=696%2C375&ssl=1)
Ден по поразот од екипата на Воска Спорт од 1:3 , шефот на стручниот штаб на ФК Вардар, Горан Петрески, заедно со своите помошници ја преземаа одговорноста за двата последователни порази и поднесоа неотповиклива оставка.
Тој се заблагодари на управата на клубот за укажаната доверба, која за жал не резултираше во посакуваниот правец.
– Јас и мојот стручен штаб ја преземаме одговорноста за двата порази во низа и од денес повеќе нема да ја извршуваме тренерската функција во клубот. За Вардар секогаш сум го давал целото свое срце, така беше и овој пат, жалам што сета таа љубов и посветеност не ги донесе посакуваните резултати – изјави Петрески.