Горан Самарџиев останува тренер на КК Работнички

На состанокот на Управниот одбор на кошаркарскиот клуб Работнички е донесена одлука и во текот на следната натпреварувачка сезона тренер на екипата да биде Горан Самарџиев.

Самарџиев ја доби довербата на УО, откако дојде како замена за Димитар Мираковски лани во октомври со тимот запиша 15 победи во низа.