На година ипол пред истекот на мандатот директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци, Горан Трајковски си поднесе оставка.
Во дописот до Собранието, доставен во петокот, Трајковски наведува дека оставката ја поднесува поради лични причини.
„Во изминатиот период раководејќи со Дирекцијата за заштита на лични податоци, силно помогнат од вработените, Собранието и соодветните владини институции успеавме да покажеме и докажеме дека слабостите се препознаени и истите согласно најдобрите европски практики во областа на заштитата на личните податоци знаеме и можеме да го поставиме согласно европските вредности“, стои во понудената оставка на Трајковски.
Трајковски беше назначен за директор на ДЗЛП во 2016 година, а претходно скоро десет години се наоѓаше на директорската функција во Управата за јавните приходи.