Последниот советски претседател Михаил Горбачев наскоро ќе објави нова книга, својот политички тестамент во кој авторот на политиката на гласност и перестројка ќе ја изложи својата визија за XXI век, соопшто во четвртокот издавачот.
„Индината на глобалниот свет“, делото на поранешниот челник на поранешниот СССР, кој денес има 88 години, ќе биде објавена на 23-ти септември во Германија, а на 2-ри октомври во Франција.
„Светската политика се наоѓа на извонредно опасен раб. Сегашните воени активности наликуваат на вистинска војна“, предупредува Горбачев во деловите од својата книга, пренесува AFP наведувајќи ја објавата на неговиот издавач.
Добитникот на Нобеловата награда за мир оценува дека „заштитата на мирот е клучно за надвладување на глобалните проблеми, како што е кризата со заштитата на природната средина, меѓународниот тероризам, миграциите и сите други предизвици кои се во фокусот на вниманието на државите и меѓународните организации“.
Книгата на Горбачев ќе биде објавена во пресрет на 30-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид на 9-ти ноември, кога тој беше советски водач во чиешто време се распадна комунистичкиот блок и падна Железната завеса.