Горбачов ги обвини САД за ароганција по распадот на СССР

По распадот на некогашниот СССР, на САД „ароганцијата им удри в главата“, што ја повлече со себе идејата за ширењето на НАТО и доведе до заборавањето на принципот на колективнатата безбедност, но сѐ уште не е доцна дијалогот да продолжи, изјави за агенцијата РИА последниот претседател на Советскиот сојуз, Михаил Горбачов.

Одговарајќи на новинарското прашање дали можело да бидат воспоставни поинакви односи со Вашингтон по крајот на Студената војна и падот на комунизмот без штета за Русија, Горбачов потсетува дека распадот на дотогашната држава во 1990-те години предизвикал „економски колапс, хаос“.

„Како во таква ситуација можевме да сметаме на рамноправни односи со САД, со Западот? Тоа е прво. Второто, и не помалку важно, е триумфалистичкото расположение на Западнот, особено во САД. Беа обземени од ариганција и самоубеденост. Прогласија победа во Студената војна. Всушност заедно го извлековме светот од конфронтациите, од нуклеарната трка, а наводните ‘победници’ решија да изградат нова империја. Оттаму произлезе идејата за проширувањето на НАТО“, вели Горбачов.

Последниот челник на Советскиот сојуз смета дека тогашното руско рајоводство првично на тоа многу бавно реагирало, а потоа решиле вината за тоа да ја префрлат врз него.

„Ништо попаметно не смислија. А Париската повелба, идеите за колективната безбедност, создавањето на Советот за безбедност за Европа, за кои сериозно се дискутираше во 1991 година ги препуштија на заборавот“, додава Горбачов.

Сепак, во екот на ескалацијата на тензиите меѓу Западот и Русија околу Украина и меѓусебните обвинувања за трупање војски и подготовки за борбени операции и објавените од страна на Москва барања за правно обврзувачки безбедносни гаранции и стопирање на ширењето на НАТО кон руските граници, Горбачов е уверен дека, сепак, сѐ уште не е доцна за враќање на идеите за кои зборуваше претходно.

„Не знам дали (преговорите) тоа се случува сега, по разгворите меѓу претседателите на Русија и на Соединетите држави, но одреден процес е започнат. Го поддржувам тоа, се надевам дека ќе има резултатм за сите европските земји да се чувастуваат безбедни“, истакнува Горбачов.

Москва минатиот петок ги објави своите предлози испратени во Вашингтон за постигнување договор со НАТО, што меѓу другото вклучува меѓусебни безбедносни гаранции во Европа, нераспоредување проектили со среден и кус дострел во зоните на дострелот меѓу двете земји, особено во земјите поранешни републики во СССР.

Заменикот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Рјабков во четвртокот предупреди дека доколку Западот не одговори на руските барања, може да започне нова спирала конфронтации на континентот. Се очекува првите средби околу овие прашања да се одржат во втората седмица од јануари.