Поранешниот советски лидер Михаил Горбачов денеска го критикуваше повлекувањето на САД од Договорот за нуклеарни ракети со среден дострел (ИНФ).
Тој истакна дека со тоа „Вашингтон му зададе удар не само на европската туку и на светската безбедност“.
– Тешко дека ќе има корист за меѓународната заедница со укинувањето на Договорот, со тоа само се нарушува безбедноста во Европа и во целиот свет, посочи Горбачов, кој заедно со поранешниот американски претседател го потпишаа Договорот ИНФ во 1987 година.
Американскиот претседател Доналд Трамп на 20 октомври 2018 година најави повлекување на САД од ИНФ, обвинувајќи ја Русија дека го прекршила Договорот.
Москва ги демантираше обвиненијата и нагласи дека Вашингтон го прекрши Договорот ИНФ со лоцирање на крстосувачки ракети „томахавк“ во Романија и во Полска.
Со Договорот (Intermediate-range Nuclear Forces treaty – ИНФ) беше забрането производство, тестирање и распоредување на крстосувачки и балистички ракети со дострел од 500 до 5.500 километри.