Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа скокна за 31 позиција на најновата ВТА листа и од денеска е на 367-то место што е нејзин најдобар пласман во кариерата.
Причина за тоа е триумфот на турнирот во Галаци, Романија од минатата недела, кој беше од категоријата 25.000 долари и носеше повеќе поени од оние помалите, од 10.000 долари на кои Ѓорческа вообичаено игра.
Таа се пласира во полуфиналето со што доби 18 нови поени. Уште поголем прогрес оствари во двојки каде што сега е на 278-та позиција, првпат во кариерата во топ-300. Овој огромен од скок од 49 места ѝ го донесе титулата во двојки во Галаци.
Ѓорческа и во неделата која изимина забележа голем успех, освои двојна титула на турнирот во Тарсус, кој вреди 10.000 долари, но и тие бодови ќе ѝ бидат впишани со една недела задоцнување, на следното обновување на ВТА-листата.
Оваа недела Ѓорческа ќе настапува на турнирот во Прокупље.