Македонската тенисерка Лина Ѓорческа во следните денови ќе го има својот втор настап во квалификациите на Грен слем турнирот УС Опен во Њујорк.
Таа во 1-то коло ќе игра против 17-годишната Дестани Аиава од Австралија, која се наоѓа на 152 место на ВТА листата.
Ѓорческа која по освојувањето на фјучрсот во Франција во јули заработи повреда немаше настапи и тренираше во Скопје. Нашата тенисерка сега се наоѓа на 211 место. Лани во квалификациите во 1.коло Ѓорческа играше против Американката Катерине Белис, која потоа избори и настап на главниот турнир.