Јас имам едно прашање до вас почитувана колешке ако е се вака како што вие велите во образованието зошто првиот човек во комисијата за образование од СДСМ, човекот кој што ја правеше програмата, човек кој што ја пишуваше програмата на СДСМ за образование Петар Атанасов поднесе оставка тотално разочаран и тотално незадоволен од односот на Зоран Заев како премиер кон образованието како дејност, како област, праша пратеникот Влатко Ѓорчев на денешната собраниска седница каде што се дискутираше за Законот за основно образование.
Ѓорчев објасни дека ништо од програмата на СДСМ не е реализирано, потенцирајќи дека Атанасовски како заменик министер за образование кога поднел оставка изјавил дека ништо не бива од подобрување на образовниот процес. Вие излеговте со План за живот во Македонија, а гледаме дека тоа се претвори во План за егзодус во Македонија, план за евакуација од Македонија, План за заминување од Македонија, каде што за образованието за кое вие толку многу зборувате веќе не остануваат ниту ученици. Имаме ситуација каде што 100 училишта може да се затворат наредните месеци, кажа Ѓорчев.