Ѓорчев: Фијаско на владата на Заев, 2018 година има најлош наталитет и демографија во историјата

За време на оваа влада Зоран Заев и Мила Царовска 2108 година, минатата година е година со убедливо најлош, најкатастрофален наталитет и демографија во историјата на Македонија. Никогаш, никогаш во историјата на Македонија немало помалку бебиња. Во 2018 година одени се 21. 333 бебиња тоа е најлош резултат откако има статистика и демографија во Македонија наназад 70 години, истакна Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Ако направите споредба на 2016 година последната година ан владата на ВМРО-ДПМНЕ со минатата 2108 година ќе дојдете до податокот дека бројот на бебиња, на живородени деца во Македонија е намален 23.002 бебиња на 21.333. Уште еднаш бројот на живородени бебиња, бројот на бебиња за време на оваа влада на Зоран Заев и Мила Царовска е намален од 2106 година од 23.002 бебиња на 21.333. Тоа е фрапантен пад, рецесија од 7,3 проценти. Внимавајте, кога во економијата би имало рецесија од 7,3 проценти сите ѕвона на тревога би биле вклучени, а ова, ова е доказ, ова е врвен доказ дека во Македонија не дојде живот, дека она што демагошки Заев и превенцијата на СДСМ велеа за живот во Македонија, стана парола за живот во Шведска, за живот во Германија, Канада, секаде низ белиот свет, рече Ѓорчев и додаде:

„Ова е пораз и фијаско на политиките на Зоран Заев и Мила Царовска кој што го укинаа надоместокот за трето дете, кој што водат антисемејни политики, кој што на крајот на краиштата придонесуваат преку иселувањето и економската катастрофа да имаме невидена катастрофа во Македонија и егзодус каков што немало 200 години наназад. Ете тоа е она кое што сакаме да го порачаме од оваа прес конференција. Навистина бројките се фрапантни и загрижувачки и тоа го гледаме исто така почитувани присутни и со падот на бројот на учениците во уписите“.

Деновиве, подвлече тој, имаме уписи во прво одделение, имаме упис во гимназиите, имаме уписи на Универзитетите и секаде бројките паѓаат затоа што  имаме масовно иселување  и егзодус во Македонија. -Тоа е директен доказ дека едноставно Македонија имплудира, Македонија исчезнува, Македонија се сели и Македонија умира со ваквите политики на Зоран Заев и неговите 28 министри