– Така беше и претходно и во тој правец презедовме многу чекори. Просекот на зголемувањето на пензиите достигна 70 проценти, а најниските и над 90 проценти. Ова го нагласуваме заради фактот дека во времето на ниту една влада со која раководел СДСМ немало покачувања на пензиите, напротив дури и ги намалија за 8 проценти. Сега сакам да најавам и дополнително зголемување за следниот мандат за 10,2, рече Ѓорчев на прес-конференцијата пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар и потсети дека исплатите на пензиите се одвиваат редовно, што не било пример кога СДСМ биле на власт.
Тој потенцираше дека во програмите на партијата биле предвидени и реализирани мерки насочени кон подобар живот на пензионерите, како што се бањската рекрација, која ќе продолжи и зголемен опфат за бесплатен јавен превоз.
– Ќе продолжиме со стимулирање и поттикнуавње на отворањето старски домови, а при тоа ќе се посвети и поголемо внимание околу набавката на медицинска опрема, туѓа нега и низа други програми, додаде Ѓорчев.
Тој потсети и дека владата на ВМРО-ДПМНЕ изминативе години инвестираше во изградба на спортски сали, субвенции за земјоделците, асфалтирање патишта што не било случај кога СДСМ ја имале власта.