-Овој стратешки документ е поддржан од премиерот на Владата, Зоран Заев и од министерката за труд и социјална политика Мила Царовска. Плус, тука има Национален акционен план за интеграција на бегалци и странци исто така за 2017 до 2027 година. Во оваа стратегија и во овој акциски план е предвидено вклученост на еден куп институции кои се дел од државниот апарат на Република Македонија. Има голем број проект што треба да ги реализира Министерството за труд и социјална работа, голем број проекти и измени во законот кој се однесува на доделување на државјанство во делот на МВР, масовно доделување на државјанства со олеснети услови итн. Треба да има стратегија доколку повторно имаме бран на бегалци, но Македонија треба да остане она што е во моментов, а тоа е земјата да остане транзитна земја на бегалци, мигранти, вели Ѓорчев.
Од 2008 до 2017 година, додава Ѓорчев, прашањето поврзано со мигрантите, бегалците и те како е сменето, не само во Македонија, секаде.
-Сега, 2015, 2016 и 2017 година зборуваме за 1 милион луѓе кои поминале низ Македонија. Разликата е огромна од тогаш до сега, рече тој и додаде:
„Заев и Царовска велат дека Македонија ќе остане транзитна земја, но деловите од нивната Стратегија не говорат баш така, напротив, Стратегијата вели дека тие луѓе ќе останат трајно. Во Стратегијата на Заев и Царовска се вели- да се обезбедат долгорочни решенија во делот на домувањето, а пуштени се и писма во повеќе општините за изнаоѓање на локации за изградба на згради“.