Вие имате намера да им го загорчите животот на сите кои мислат повеќе од вас.Ова е одмазда кон Љупчо Димовски оти тој не гласаше за уставните измени и промената на името, рече пратеникот Влатко Ѓорчев на комисиската расправа за имунитетот на пратеникот Љупчо Димовски кој е под истрага за злоупотреба на службена положба и овластување за периодот додека бил министер за земјоделство шумарство и водостопанство.
– Ние и вие знаеме дека имаше понуда за Димовски да гласа за уставните измени со уцени и закани. Уцената кон Љупчо Димовски беше дека нема да има кривична пријава за него и нема да оди во затвор. Тој реши да ја почитува одлуката на граѓаните и не гласаше за уставните измени, а со тоа да ги сноси одговорностите. Вчера му беше скршена вратата од куќата. Со секој изминат ден сѐ повеќе и повеќе забегувате. Ова е ваша желба и мотив за што побрзо да го ставите во притвор, затоа што ви се спротиставил. Нудевте 1 до 2 милиони евра, нудевте слобода, за да ги вадите таблите каде пишува Република Македонија – изјави Ѓорчев, објави Макфакс.