Изборите беа чисти како солза. Заев нека го праша Пендаровски за изборите во 6 изборна единица во 2004. Претседател на ДИК во вториот круг европскиот Стево Пендаровски не прифати ни еден приговор а имаше репетирани пиштоли и клашникови, потсети на денешната прес конференција носителот во ИЕ 6, Владимир Ѓорчев.
-Жени набљудувачки на ВМРО-ДПМНЕ беа влечени за коса. Во нашиот штаб имаше бомба со кратер еден метар. Тие избори ги верификуваше Стево Пендаровски. А сега кога имаме кристално чисти избори, без ниту една запирка кои тие ги организираа имаат намера во оваа нивна лакрдија да ги оспоруваат резултатите и да ја носат Македонија таму каде што никој не сака. Нека престанат со овие нивни фалсификати. ДИК, пред сегашноста, пред историјата и пред иднината треба да има интегритет. ДИК спрема сегашноста, минатото и иднината треба да има јасен став, потсети Ѓорчев.