Ѓорчев: Пироманите ја запалија политичката криза, но сега се во владата и сѐ им е розово

Ова што денеска го имаме го имавме седум пати по ред. Добро е што Македонија се враќа во 2009 година кога ја имавме истата препорака, изјави Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ во вторникот вечерта, гостувајќи на телевизија АлсатМ.

Според него, ако се гледа претходниот период, односно периодот на претходната влада, треба да се гледа перидот кога владата можеше да функционира.

Ѓорчев посочи дека во еден период се појавија пироманите кои ја запалија политичката криза, но за нив сега се е розево, тие сега се во владата.

„Зачленувањето и членството во ЕУ и НАТО не е цел само посебе. И ЕУ и НАТО сакаат да сме дел од нив зошто и географски припаѓаме, но истовремено целта е подобар живот на граѓаните. Сега добро е што владата нѐ врати во 2009 година. Проблемот сега е што Македонија според економијата е со најлоши економски перформанси. Не така одамна ние бевме земја со најмногу инвестициии, раст, а сега сме далеку од тоа. И на луѓето драго им е што имаме ваков извештај. Но, луѓето ги интересираат условите за живот, работа, дали има асфалтирани улици, ги интересира да се подобри секојдневниот живот“, посочи Ѓорчев.