
Ако се одземат гласовите на 30 коалициони партнери, јасно е дека СДСМ во моментов со Пендаровски вреди 240.000 гласови, а со Заев уште помалку, анализира членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев.
СДСМ вчера освои само 240.000 гласови. Зошто и како?
Пендаровски освои 320.000 гласови. Во тие гласови има околу 80.000 гласови од коалиционите партнери:
– ДУИ; ДПА и Алтернатива; ЛДП; ДОМ и ДС; НСДП; партии на етничките заедници; и други помали партии.
Ако се одземат гласовите на 30 коалициони партнери, јасно е дека СДСМ во моментов со Пендаровски вреди 240.000 гласови, а со Заев УШТЕ ПОМАЛКУ.
Во СДСМ Пендаровски стоеше најдобро на анкетите и НЕГОВОТО име беше на ливчето. Тој донесе околу 20.000 “дополнителни”, “свои” гласови.
БЕЗ Пендаровски на ливчето, со Заев како претседател, СДСМ денес вреди околу 220.000 гласови. Приближно, тоа е бројот на гласови кои ги доби Радмила Шекеринска во 2008 година кога нејзиниот СДСМ беше поразен 63 спрема 27 пратеници.
Гласовите за Заев и СДСМ дополнително ќе НАМАЛУВААТ поради КАТАСТРОФАЛНОТО владеење на СДСМ на централно и ЛОКАЛНО ниво.
Доаѓаат промените!
Македонија ќе добие нова Влада предводена од Hristijan Mickoski и ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО-ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА ЗА МАКЕДОНСКО НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО, напиша Ѓорчев.