Ѓорчев: Владата на Заев е генераторот на ударот врз националните интереси

Премиерот Зоран Заев и неговата најбројна досега влада со 28 министри, треба да си заминат, бидејжќи таму е генераторот на на неспособноста, односно таму е генераторот на она што се нарекува нарушување на македонските позиции на државните и националните интереси.нарушување на државните и националните интерес, порача пратеникот на опозициска ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев во вестите на ТВ Сител/

Рече дека треба да почне едно пошироко делигимитирање на власта затоа што во моментот СДСМ ја има апсолутната власт во Република Македонија.

„А кога сме веќе кај локалните самоуправи, со жалење да констатирам дека на ниво на Скопје се случува дебакал и фијаско на градоначалникот Петре Шилегов. Значи Скопје како да нема градоначалник година дена наназад“, истакна Ѓорчев.

Додаде дека ВМРО-ДПМНЕ во врска со загадувањето предложија конкретни 19 итни мерки за намалување на загадувањето.

„Имаме ситуација каде Шилегов, Заев, Златко Марин, градоначалничката на Битола и сите нивни функционери буквално дојдоа на власт со ветување за чист воздух. Вчера како опозиција инициравме јавна расправа и за жал таа јавна расправа се претвори во една демонстрација на ароганција на власта кадешто не понудија ниту едно излезно решение и градоначалникот Шилегов играше игри“, потсети Ѓорчев.