3.8 C
Skopje
петок, декември 13, 2024

Ѓорчев во посета на Гевгелија, Богданци и Дојран

Во текот на вчерашниот ден, тим предводен од членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев заедно со пратеникот Драги Цуклев ги посетија населените места  Мрзенци, Моин и Богородица во гевгелиско.

Жителите од овие населени места истакнаа дека се целосно разочарани од власта. Иако овој регион е претежно земјоделски, граѓаните се пожалија на ниските откупни цени на земјоделските производи.

Во текот на денешниот ден беа посетени и населените места во Богданци. Граѓаните од населените места Ѓавото, Стојаково и Селемлија порачаа дека се незадоволни од политиките на Зоран Заев и тоа незадоволство од  ден на ден се повеќе се зголемува.

  

Поради ваквите лоши политики на СДСМ и незадодолството од оваа влада, граѓаните порачаа дека професорката Гордана Силјановска Давкова има масовна поддршка за престојните претседателски извори.

Тимот предводен од Ѓорчев ги посети и населените места  Фурка, Николиќ и Црничани во дојранско.Граѓаните на овие населени места се пожалија дека не е направено ништо  во нивниот крај.