-Мило ми е што сум денеска тука во Џамиџит маало во Гостивар. Добро е што имаме проекти за цела гостиварска општина и за околните општини. ВМРО-ДПМНЕ во својата програма предвидува 37 проекти за Гостивар , додека СДСМ предвидува 7. Значи разликата е 37 проекти на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата наспроти 7 нејасни, недефинирани проекти без план, без програма, без рокови кои што СДСМ нема намера да ги реализира во Гостивар, рече Ѓорчев
Тој посочи дека во програмата на ВМРО-ДПМНЕ има проекти од секаков карактер и тоа Технолошко индустриска зона за нови фабрики и нови вработувања, спортски сали, градинки, реконструкција на училишта , водоводни и канализациони мрежи, асфалтирање на улици, локални и регионални патишта.
-Низа на конкретни реални проекти кои што ќе значат подобра иднина за Гостивар , а слична е состојбата со била која општина во 6 ИЕ. Со новите инвестиции што се планираат предвидени уште 100 нови вработувања. Индустриската зона исто така е голема моќност за гостиварската економија. Таму исто така ќе има нови вработувања, нови можности, нови погони, компании така што тоа ќе биде уште еден импулс за развојот на економијата во овој град, истакна Ѓорчев.