Ѓорчев: Заев е уморен од лажење и тој сака да си замине од власт

Доаѓа Пржинска влада и ќе има одговорност Во вечерашната емисија на Александар Чомовски “Отворено студио 1” на тема “Што после Берлин и Брисел” или “Првите реакции по средбата на Заев и Пендаровски со Меркел и Туск” разговараа пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев и универзитетскиот професор Љубомир Фрчковски.

Ѓорчев истакна дека Република Македонија влегува во последната година од владеењето на Заев и СДСМ и ќе има Пржинска влада. “На премногу страни Заев има ветено. Тој е во една ситуација која во подолго време во подолги години на секој му кажува она што тој сака да го чуе. На сите им вети, но најважно од се, како премиер, ги излажа граѓаните и го излажа народот. Нема работа за која не е излажано.

За Референдумот, уставното име на Република Македонија, внатрешните консталации, за економијата да не збориме, на локално ниво може да раскажуваме до утре за ветените проекти. Тој е уморен од ветувања и од лажење. Неможе цело време да ги лажете сите. Доаѓа Пржинска влада. Тоа е во Законот. ВМРО-ДПМНЕ ќе добие министерства, ќе има министри и заменици. Заев си заминува и ќе има одговорност, рече Ѓорчев.