Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Рим вреден 25.000 долари. откако во средата беше подобра од Габриела Дуча од Романија со 2:0 и без загубен гем (6:0, 6:0) го доби мечот.
Ѓорческа започна фуриозно и по неполн половина час поведе со 1:0. Експресниот сет беше проследен со три одземени сервиси на противничката, која немаше одговор за расположената македонска тенисерка. Добрата игра на Лина продолжи и во вториот сет во кој повторно направи три брејка и го заврши мечот без ниту еден загубен гем.
Во четвртфиналето Ѓорческа ќе го чека подобриот од дуелот пмеѓу Даниела Сигел од Чиле и Екатерине Горгодзе од Грузија.