До 16 часот се собрани повеќе од 21 илјада потписи за претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, дознава Нетпресс од извори во Државната изборна комисија.
Потписите за нејзината кандидатура почнаа да се собираат денес, откако вчера на конвенција на партијата официјално беше потврдена кандидатурата со 444 гласа од делегатите на ВМРО-ДПМНЕ.
Во текот на денот пред пунктовите на ДИК може да се забележат големи гужви од граѓани кои го ставаат потписот за кандидатурата на Силјановска Давкова.