Ознаката „Made in Europe“ е гаранција дека се исполнети одредени прописи и стандарди за производство, тоа е знак на транспарентност и доверба. Gorenje UltraClean машините за миење садови се дизајнирани и произведени во Европа, каде што се наоѓаат повеќето потрошувачи на Gorenje. Ова со себе носи голем број на предности, како за брендот и потрошувачите, така и за животната средина. Европското производство го скратува синџирот на снабдување, времето на транзит и времето на испорака. Со себе носи и низа други придобивки, а ние ви откриваме кои се трите најважни.
- Одржливост
Европското производство бара употреба на врвна опрема за да се направат апарати кои помагаат во секојдневниот живот. Водечките експерти ги создадоа најдобрите решенија кои работат на намалување на емисиите на јаглерод диоксид. Имајќи го тоа на ум, сите Gorenje машини за миење садови поминуваат низ фаза на планирање многу пред да ја видат светлината на денот, за да ги исполнат законските и еколошките барања. Процесот на дизајнирање и производство постојано се подобрува за да се обезбеди минимално влијание на нашата планета, од избор на материјали и еколошки технолошки процеси до помала потрошувачка на електрична енергија и вода кога производот е во вашиот дом и до обезбедување на лесно расклопување и рециклирање на крај.
- Квалитет и иновација
Европа е позната по иновациите на производите. Со години имаше еден вид традиционална рута – Европа иновира, а Кина изработува. Меѓутоа, кога секој дел е дизајниран, развиен и произведен на исто место, тоа дава поголема контрола врз целиот процес и заштита на брендот. Gorenje машините за миење садови се дизајнирани и произведени од тим на професионалци и ги вклучуваат сите најнови технолошки трендови кои најдобро можат да ги задоволат потребите на потрошувачите.
На пример, новите Gorenje UltraClean машини за миење садови доаѓаат со бројни функции кои ви го олеснуваат животот. Ако сакате да заштедите време, детергент и енергија, функцијата SmartDosing е совршена за вас. Едноставно го истурате детергент во садот и машината за миење садови интелигентно го дозира во текот на целиот месец. Исто така, овие машини ја имаат опцијата FastEfficient, која, од друга страна, ги мие и суши вашите садови до совршенство за само еден час. Ако барате екстра чисти садови, можете да се потпрете и на ExtraHygiene за да ја завршите работата, бидејќи отстранува 99,9 проценти од бактериите и вирусите дури и при пониски температури.
(линк до видео на Јутјуб со привју: https://www.youtube.com/watch?v=eUlw9u2yDic&ab_channel=GorenjeMakedonija)
- Етичка работа
Не е тајна дека некои делови од светот користат принудна работна сила или деца во нивниот производствен процес. Во Европа, како и во Gorenje, посебно внимание се посветува на почитување на сите вработени и нивните услови за работа.
Денес сѐ повеќе луѓе се одлучуваат да купат врз основа на европското потекло на производот. Тие ја разбираат вредноста на локалното производство, безбедноста на снабдувањето и преземањето еколошки одговорни активности кои ќе помогнат да се обликува подобра и почиста иднина.
Искористете ги сите предности на модерната технологија за миење садови и со Gorenje UltraClean машините за миење садови направете вашите садови да бидат не само чисти, туку и ултра чисти!