Во местото „Расадник“ во скопската населба Кисела Вода, попладнево имаше голем пожар. Запалена беше сува трева.
Пожарот е ставен под контрола, нема никаква штета. Запалена е сува трева, изјави Благоја Менковски од Територијалната противпожарна единица на Градот Скопје.
На терен веднаш излегоа неколку возила на противпожарната служба, кои успеаја да го изгасат пожарот.
Зафатена е површина од околу 200 на 100 метри. За среќа пожарот не зафати станбени објекти.
Како тоа изгледаше, погледнете од снимката од дрон. Видеото е снимено од FluSky за КУРИР.МК
Фото: Вест