![zesko](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/zesko.png?resize=696%2C488&ssl=1)
И во четвртокот територијата на Македонија ќе биде под топлотниот бран, ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умрена облачност. Попладне можна е локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Вредноста на ултравиолетовото зрачење (УВ) денеска ќе биде 9.
Утринските температури се движат од 14 до 21, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат во интевалот меѓу 32 и 42 Целзиусови степени.
Во Скопје сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Во околните планински подрачја ќе има услови за краткотраен дожд и грмежи. Температурата ќе достиггне до 41 степен.