Ѓорѓиевски: Апстиненцијата од гласање за договорот на Заев е за зачувување на нашата Македонија

Некогаш молкот е погласен од се друго. Денес апстиненцијата од гласање за договорот на Заев е за зачувување на нашата Македонија, порача Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Јас Орце Ѓорѓиевски не излегувам на гласање, затоа што така ја штитам мојата држава од преименување. Македонија е нашата судбина и нашата иднина. Македонија е вечниот непокор. Македонија денес ќе победи. Ова е битка за чест и достоинство и јас како и многумина браќа и сестри ќе одиме со крената глава. И кога некој ќе праша за кого, се разбира ЗА МАКЕДОНИЈА, порача тој.