
Еден од главните проекти кој е предвиден во континуитет во наредните 4 години да се реализира, тоа е „Куманово без кал“, најави кандидатот за градоначалник на Куманово, Д-р Зоран Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ на вчерашниот голем митинг во Куманово.
Куманово без кал“- тоа подразбира решавање на комплетната, нереализирана инфраструктура, водоводна и канализациона во сите делови на градот, приградските населби и руралните средини. Потоа асфалтирање на сите улички во градот во текот на наредните четири години. Осветлување на сите делови на градот Куманово и приградските населби, рече Ѓорѓиевски и додаде
Акцијата „Куманово без кал“ ќе трае четири години со трошење на 10 отсто од буџетот на општина Куманово, а општината располага со буџет од 25 милиони евра, така што 10 проценти се 2,5 милиони за четири години, тоа се 10 милиони евра, пари за инфраструктурно уредување и правење на Куманово на една убава урбана средина, модерна, каде што граѓаните ќе можат со гордост да кажат каде живеат.